
Проект 1 · Зграда А
- 1 зграда: приземје, 5 ката и поткровје
- 18 единици: станови, локали и остави
- Модел од архитектот со внатрешност и материјали
- Основи од архитектот за секоја единица
3D конфигуратор за инвеститори и агенции
Купувачите ја вртат зградата во 3D, избираат стан и веднаш гледаат цена, основа и достапност. Вие ги менувате статусите во администрација, а страницата е секогаш ажурна.
Кратко видео за секој проект: од преглед на зградата до избор на стан, основа и 3D модел.
Изберете проект и пробајте го сами: кликнете на стан, вклучете ги боите по статус или отворете 3D модел.

Два примери – една зграда со детален модел од архитектот и комплекс од 11 ламели. Двата се демо проекти – цените и статусите не се реалните.


3D модел од архитектот (SketchUp, Revit, Archicad) или 2D планови, и листа на станови со цени.
Секоја единица добива блок за клик, 2D основа и 3D модел. Ја додаваме вистинската околина на локацијата.
Во администрацијата ги менувате статусите и цените. Резервациите истекуваат сами, а секоја промена останува во историјата.
Филтрираат, споредуваат и праќаат барање за станот што им се допаѓа – директно на вашата е-пошта.
Една платформа за прикажување, филтрирање и продажба на секоја единица во вашиот проект.
Вртење, зум и клик на кој било стан, локал или остава – на секој уред.
Слободен, резервиран, продаден – боите на фасадата секогаш го покажуваат вистинското.
По зграда, кат, соби, квадратура, цена, ориентација и тераса.
2D основа и 3D модел со пресечени ѕидови за секоја единица.
Улици, соседни згради и објекти во близина – купувачот гледа каде живее.
Купувачот зачувува омилени и праќа барање со избраните станови.
Корисници за тимот и агентите, цени, резервации и историја на промени.
Македонски, албански, англиски, германски – купувачот избира.
Истото доживување на компјутер во канцеларија, на таблет на градилиштето и на телефон во дневната соба. Без апликација, само линк.



Еднократно поставување и месечно изнајмување додека трае продажбата – хостингот, поддршката и ажурирањата се вклучени. Цената зависи од големината на проектот: пишете ни и ќе ви испратиме понуда.
До 40 единици
Цена на барање
Побарај понудаДо 150 единици, повеќе згради
Цена на барање
Побарај понудаПовеќе проекти или над 150 единици
Цена на барање
Побарај понудаМинимално изнајмување 12 месеци, потоа месечно.
3D модел или 2D планови, основи на становите и листа со квадратури и цени. Ако нешто недостасува, ќе ви кажеме уште на почетниот разговор.
Околу 5 недели од приемот на материјалите. Ако 3D моделот треба да се направи од 2D планови, уште околу 2 недели.
Го моделираме од 2D плановите на архитектот – како дополнителна услуга.
Да. Во администрацијата, од компјутер или телефон. Промената е на страницата веднаш.
Да, на секој современ телефон, таблет и компјутер, во прелистувач – без инсталирање.
На ваш домен или поддомен (на пр. 3d.vashproekt.mk), со вашето лого и бои.
Ваши. Барањата стигнуваат на вашата е-пошта, а на крајот на договорот добивате извоз.
По минималните 12 месеци – со месец дена отказен рок. Обично изнајмувањето трае до распродажбата.
Пишете ни неколку збора за проектот. Ќе ви одговориме во рок од еден работен ден и ќе закажеме кратко онлајн претставување.